Превентивните мерки за безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита и заштита при природни непогоди често се доживуваат како обврска која што треба да стои на хартија, односно :

– Документи кои треба да постојат.
– Процедури кои се пополнуваат.
– Обуки кои се одработуваат.

Но реалноста покажува дека формалниот пристап кон безбедноста има реални последици.

Во пракса, сериозните несреќи ретко се резултат на еден единствен пропуст.

Најчесто тие се акумулација на повеќе фактори:

– недоволна или формална примена на законските обврски
– отсуство на редовен надзор и контрола
– застарена или неприменета документација
– недоволна свесност и обука на вработените

Кога безбедноста не е дел од секојдневното работење, ризиците се зголемуваат тивко – сè додека не се манифестираат во сериозен проблем.

Затоа превенцијата не смее да се активира само по настан, инспекција или трагичен исход.

Таа мора да биде:

– континуиран процес
– дел од организациската култура
– вграденa во планирањето и одлучувањето

Секој реален настан, без разлика каде се случил, треба да биде потсетник дека превенцијата секогаш има поголема вредност од санирањето на последиците.

🔶 Безбедноста не е трошок.
Таа е инвестиција во луѓето, работењето и иднината.

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *