За нас – Aurelion

Aurelion е консултантска компанија основана во 2025 година во Гостивар, специјализирана за проектирање, надзор, безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита, заштита и спасување и заштита на животната средина, која им помага на компаниите да создадат побезбедна, усогласена и одржлива работна и животна средина. Работиме со организации кои разбираат дека безбедност и здравје при работа, противпожарната заштита, заштитата и спасувањето и заштитата на животната средина не е само законска обврска, туку основа за одговорно и успешно работење.

Нашата цел е да создадеме побезбедни и законски усогласени работни места, каде организациите функционираат со јасно дефинирани процедури.


Нашата експертиза

Нашата експертиза опфаќа целосен систем на проектирање, имплементација, контрола и надзор во областа на безбедноста, здравјето и заштитата, овозможувајќи им на компаниите законски усогласено, безбедно и ефикасно работење.

Проектирање и надзор

Обезбедуваме изработка на проектна документација и елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, како и елаборати за заштита при работа согласно Законот за градење. Нашиот тим од овластени инженери врши стручен надзор и контрола при изведба на објекти од сите категории, со цел целосна усогласеност со прописите и безбедна имплементација на мерките.

Безбедност и здравје при работа

Нудиме комплетни и систематски решенија за создавање безбедни и здрави работни места. Нашата експертиза вклучува проценка на ризик, изработка на изјави, планови и процедури за безбедна работа, обуки на вработени, мерења и испитувања на работната средина, како и континуирана поддршка преку ангажирање на стручно лице за безбедност и здравје при работа. Со практичен пристап обезбедуваме реална примена на мерките и намалување на ризиците во секојдневното работење.

Заштита на животната средина

Обезбедуваме стручна поддршка и документација за заштита на животната средина согласно важечката законска регулатива. Изработуваме елаборати за заштита на животната средина кои им помагаат на компаниите да работат одговорно, усогласено и одржливо.

Заштита и спасување

Изготвуваме документација и планови согласно Законот за заштита и спасување, со цел подготвеност и ефикасна реакција во вонредни ситуации. Нашата експертиза опфаќа процени на загрозеност, планови за заштита и спасување, правилници и пожарна документација, овозможувајќи брза, координирана и безбедна реакција при природни непогоди и други несреќи.

Противпожарна заштита

Нудиме целосни решенија за противпожарна заштита, вклучувајќи изработка на елаборати, правилници и пожарни куќни редови, како и обуки за гаснење на почетен пожар. Нашиот пристап е насочен кон превенција, навремено дејствување и заштита на луѓето, објектите и имотот.

Испитувања и мерења

Вршиме законски пропишани испитувања и мерења на микроклиматски услови, физички штетности, електрични инсталации и опрема за работа. Со навремена идентификација на ризиците обезбедуваме безбедна и контролирана работна средина.


Зошто да го изберете Aurelion?

Со Aurelion добивате партнер кој ги покрива сите аспекти на безбедноста и заштитата – од проектирање и документација, до имплементација, надзор и континуирана поддршка.

  • Целосни и интегрирани решенија од еден партнер
  • Висок професионализам и современи методологии
  • Усогласеност со национални и меѓународни стандарди
  • Брза, точна и доверлива услуга
  • Покриеност на цела Македонија

AurelionПартнерство за безбедна иднина.

Контактирајте не на kontakt@aurelion.mk или на телефонскиот број 078 377 466.