Aurelion обезбедува целосни, професионални и законски усогласени решенија во областите на проектирање, надзор, безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита, заштита и спасување и заштита на животната средина, која им помага на компаниите да создадат побезбедна, усогласена и одржлива работна и животна средина, како и испитувања и мерења. Нашите услуги се прилагодени за компании од сите индустрии и се фокусираат на минимизирање на ризиците, подобрување на безбедноста и исполнување на сите законски обврски.
Со Aurelion добивате сигурен партнер кој ги покрива сите аспекти на безбедноста, од проектирање и документација до имплементација и континуиран надзор.
1. Проектирање и надзор
Изработка на проектна документација за заштита од пожари, експлозии и опасни материи и елаборати за заштита при работа согласно со законот за градење
Нудиме:
- Елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи
- Елаборати за заштита при работа согласно закон за градење
- Услуги од овластени инженери за изведба и надзор на објекти од сите категории
Од идеја до реализација – со целосна техничка и законска усогласеност.
2. Безбедност и здравје при работа (БЗР)
Обезбедуваме комплетни решенија за создавање безбедни и здрави работни места.
Нудиме:
- Проценка на ризик на работни места
- Концепт на изјава за безбедност
- Изработка на програми за обуки на вработени за безбедна работа
- Обука на вработени и претставници на вработените за безбедност и здравје при работа
- Мерења на микроклиматски услови и физички штетности во работна средина
- Испитување на нисконапонска електрична инсталација
- Тестирање и контрола на машини и останата опрема за работа
- Изработка на план за евакуација и спасување во случај на вондредна ситуација
- Услуга за ангажирање на стручно лице за безбедност и здравје при работа ( контрола за спроведувањето на мерките за безбедна работа со месечни контролни посети)
- Обуки на вработени за гаснење на почетен пожар и заштита од пожари согласно член 24 од Законот за Безбедност и здравје при работа
- Изработка на планови за безбедност и здравје при работа на мобилни градилишта
Нашиот системски и практичен пристап гарантира усогласеност со законската рамка и подобрена безбедност на работното место.
3. Животна средина
Професионални услуги за изготвување на документација за заштита на животната средина согласно законската регулатива
Нудиме:
- Елаборати за заштита на животна средина
Нашите услуги им помагаат на компаниите да реагираат брзо, координирано и безбедно во критични моменти.
4. Заштита и спасување
Изработка на докуметнација согласно Закон за заштита и спасување
Нудиме:
- Изработка на Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи
- Планови за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи
- Правилник за заштита од пожари, експлозии и опасни материи
- Изработка на пожарен куќен ред
- Елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи
Обезбедуваме подготвеност за природни непогоди, пожари и други вонредни ситуации, со јасни процедури и одговорности
Зошто Aurelion?
- Комплетни решенија од еден партнер – од проектирање и документација до имплементација и континуиран надзор
- Докажана стручност, овластени лица и практично искуство во различни индустрии
- Прецизни мерења и професионална документација согласно законските барања
- Целосна усогласеност со законската регулатива и важечките стандарди
- Поддршка на територија на цела Македонија
Aurelion е вашиот сигурен партнер за безбедни, здрави и законски усогласени работни процеси.
