Услуги

Aurelion обезбедува целосни, професионални и законски усогласени решенија во областите на проектирање, надзор, безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита, заштита и спасување и заштита на животната средина, која им помага на компаниите да создадат побезбедна, усогласена и одржлива работна и животна средина, како и испитувања и мерења. Нашите услуги се прилагодени за компании од сите индустрии и се фокусираат на минимизирање на ризиците, подобрување на безбедноста и исполнување на сите законски обврски.

Со Aurelion добивате сигурен партнер кој ги покрива сите аспекти на безбедноста, од проектирање и документација до имплементација и континуиран надзор.


1. Проектирање и надзор

Изработка на проектна документација за заштита од пожари, експлозии и опасни материи и елаборати за заштита при работа согласно со законот за градење

Нудиме:

  • Елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи
  • Елаборати за заштита при работа согласно закон за градење
  • Услуги од овластени инженери за изведба и надзор на објекти од сите категории

Од идеја до реализација – со целосна техничка и законска усогласеност.


2. Безбедност и здравје при работа (БЗР)

Обезбедуваме комплетни решенија за создавање безбедни и здрави работни места.

Нудиме:

  • Проценка на ризик на работни места
  • Концепт на изјава за безбедност
  • Изработка на програми за обуки на вработени за безбедна работа
  • Обука на вработени и претставници на вработените за безбедност и здравје при работа
  • Мерења на микроклиматски услови и физички штетности во работна средина
  • Испитување на нисконапонска електрична инсталација
  • Тестирање и контрола на машини и останата опрема за работа
  • Изработка на план за евакуација и спасување во случај на вондредна ситуација
  • Услуга за ангажирање на стручно лице за безбедност и здравје при работа ( контрола за спроведувањето на мерките за безбедна работа со месечни контролни посети)
  • Обуки на вработени за гаснење на почетен пожар и заштита од пожари согласно член 24 од Законот за Безбедност и здравје при работа
  • Изработка на планови за безбедност и здравје при работа на мобилни градилишта

Нашиот системски и практичен пристап гарантира усогласеност со законската рамка и подобрена безбедност на работното место.


3. Животна средина

Професионални услуги за изготвување на документација за заштита на животната средина согласно законската регулатива

Нудиме:

  • Елаборати за  заштита на животна средина

Нашите услуги им помагаат на компаниите да реагираат брзо, координирано и безбедно во критични моменти.


4. Заштита и спасување

Изработка на докуметнација согласно Закон за заштита и спасување

Нудиме:

  • Изработка на Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи
  • Планови за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи
  • Правилник за заштита од пожари, експлозии и опасни материи
  • Изработка на пожарен куќен ред
  • Елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи

Обезбедуваме подготвеност за природни непогоди, пожари и други вонредни ситуации, со јасни процедури и одговорности



Зошто Aurelion?

  • Комплетни решенија од еден партнер – од проектирање и документација до имплементација и континуиран надзор
  • Докажана стручност, овластени лица и практично искуство во различни индустрии
  • Прецизни мерења и професионална документација согласно законските барања
  • Целосна усогласеност со законската регулатива и важечките стандарди
  • Поддршка на територија на цела Македонија

Aurelion е вашиот сигурен партнер за безбедни, здрави и законски усогласени работни процеси.